Слон јавна автомобил, тогаш почна страшното… (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Сафари парковите низ светот се секогаш можност за атракција, па големиот број посетители уживаат во овие прошетки. Иако се предупредени да не ги хранат животните преку прозорци од возилата, сепак, често се случува да не ги послушаат, па доаѓа до инциденти.

Ваков инцидент се случил во сафари-паркот Као Јаи, а виновен за инцидентот бил и возачот на автомобил.

Тој го запрел возилото извесно време на патот, а притоа наишол слон кој очигледно сакал да се умилкува, но со оглед на тоа што нема контрола на својата тежина настрадал автомобилот. Оваа случка била снимена од патниците во автомобилот понапред, а во видеото може да се види што се случило со второто возило.

Вработените во сафари паркот информирале дека 35-годишниот слон Дуеја меѓу влажната и студена сезона редовно излегувал на пат за да ги „пречека“ туристите, но овој пат го среди автомобилот на еден од посетителите.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK