Ново BMW на две тркала

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата BMW прави превозни средства на две тркала веќе со децении. Сега на пазарот излезе ново – „3T BMW Bike“. Моделот е резултат на соработката со италијанскиот бренд 3T. Специјалното издание е базирано на „Exploro Allroad Bike“ од страна на Италијанците и може да биде порачано во две варијации на боја.

„Веднаш разбравме дека сакаме да работиме со 3T бидејќи овој модел Exploro е најдобриот на пазарот и на нашите клиенти може да им понуди перфектна комбинација на перформанси, луксуз и задоволство при возењето“, вели Гастон Стрејџер, које раководител на BMW Lifestyle.

Велосипедот се карактеризира со елегантна силуета и јасни линии, тој е во согласност со минималистичкиот дизајн на BMW и на тој начин хармонично се запишува во продукцискиот лајфстајл на понудата на Баварците.

Снабден е со аеродинамична карбон рамка, која според BMW е најлесната во светот, има екслузивно кожно седиште и рачки на Brooks. Fulcrum тркалата и издржливите гуми Schwalbe се проектрани да гарантираат добар контакт со подлогата, дури и при максимална брзина од калдрма на асфалт, нечист пат, чакал или пат со дупки. Според производителот новиот велосипед од Минхен чини 5499 евра.