Што вози жената на емирот oд Катар? (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Замислете го Bugatti Chiron во црна и виолетова боја. Шемата на боите важи како за надворешниот така и за внатрешниот дел од возилото. И со неа чудовиштето со моќност од 1500 коњски сили станува уште поредок примерок едноставно бидејќи навистина нема друг таков автомобил.

Покрај тоа, точно овој Chiron е посебен и од друга причина бидејќи тоа е авотмобилот на Маријам Бинт Насел Ал-Ахмад ал-Тани, која е сопруга на шеикот Халид бин Хамад ал-Тани. Тоа е емирот кој управува со Катар и кој е претставник на семејството Ал-Тани, од кој е и основачот на земјата.

Кралското семејство има сериозно минато во однос на хиперавтомобилите, а емирот е доста загреан за мото спортовите.

Сепак, во 2015 година тој стана првиот Катарец, кој возел болид во Формула 1. Тој го управуваше болидот Williams FW31, а Катар веќе доби и организација на трка од светскиот шампионат во Мото иако има сериозни проблеми со човечките права во последните години.

Маријам ја сподели страста на својата сопруга во однос на големите брзини и редовно пушта фотографии на социјалните мрежи на тркачки возила, кои таа ги има пробано, а споменатиот Chiron во црно и виолетово е второто возило од тој модел. Претходниот беше во црвено и црно.