Ново поскапување: Бензинот „скокна“ за 2 денари – дизелот за 2,5 денари

ОБЈАВЕНО НА:

Од ноќеска се зголемуваат малопродажните нафтените деривати на бензинските станици, речи Регулаторната комисија за Енергетика.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 денари/литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 77,50 денари за литар.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,5 денари/литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 67,00 денари/литар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK