Почна продажбата на првиот хибрид без мотор со внатрешно согорување (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes на своите клиенти им го понуди СУВ моделот GLC F-Cell, а тоа е возило со погон на водородни ќелии на гориво, кои покрај тоа имаат можност за дополнување на батеријата преку струја, па според тоа може да се каже дека е и plug-in хибрид автомобил, но без бензински или дизел компоненти во погонскиот систем.

Овој германски производител нуди повеќе разновидни алтернативни погонски решеија во своите модели. Во септемри беше претставен електричниот SUV EQC, а во октомври два plug-in хибриди кои покрај електричниот имаат и дизел мотор, а неодамна почна продажата на Mercedesa GLC F-Cell со погон на водород.

Во хибрдиниот режи на работа, GLC F-Cell може да мине 478 километри со полн резервоар од 4,4 килограми водород. Инаку, резервоарот може да се дополни на станица за само три минути, време коешто е речиси идентично со она што е потребно за дополнувањето на резервоарот со бензин или дизел гориво.

Тоа претставува значителна предност во однос на чисто електричните автомобили бидејќи дури и на брзите полначи им треба барем дваесетина минути за делумно дополнување на погонските батерии. Со оглед на тоа што има литиум-јонски батерии со капацитет 13,5 kWh, Mercedes GLC F-Cell може да се вози и со празен резервоар на водород, а  со потполно наполнети батерии може да се мине и до 51 километар во чисто електричен мод.

Електромоторот кој го придвижува овој СУВ на Mercеdes произведува 211 коњски сили (155 kW). Моторот и батериите се наоѓаат во задниот дел од возилото, додека системот за водородни ќелии за гориво е сместен во предниот дел, каде кај стандардниот Mercedesa GLC се наоѓа бензински или дизел мотор. Возачот има на располагање четири режими на погонски систем: Hybrid, F-Cell, Battery i Charge.

Во  Hybrid модот возилото добива сила како од електричните ќелии за гориво така и од погонската батерија. Во F-Cell режимот се „троши“ само водород додека статусот на наполнетост на батеријата останува без промена.

Кога автомобилот е во Battery modu, Mercedes GLC F-Cell се движи само со помош на електрична енергија произведена во батериите, додека системот за водородни горивни ќелии не е во функција. Последниот Charge мод за приоритет има одржување на погонската батерија на максимално дополнување и тоа во сето време додека трае возењето.

Првите испораки на Mercedesa GLC F-Cell почнаа во големите германски градови кои веќе имаат развиена мрежа за полнење на резервоарот со водород како што се Берлин, Хамбург, Франкфурт, Штутгарт, Минхен, Келн и Диселдорф.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK