Автономниот VW ID. BUZZ AD треба да вози на патишта во 2025 (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Германците се сериозни кога станува збор со електрификацијата и автономното возење. Volkswagen многу вложува на ова поле и секојдневно ги покажува резултатите од тоа. Токму на домашен терен, во Минхен покажаа дел од „иднината“, онаква како тие ја замислуваат и што планираат за неколку години.

Кон крајот на февруари годинава, VW објави дека првиот целосно автономен автомобил на групацијата ќе биде ID. BUZZ на одделот за комерцијални возила. За време на саемот во Минхен, автомобилскиот гигант го претставува првиот од вкупно петте прототипи претставници на ID. BUZZ AD (Autonomous Driving), чии сериски верзии ќе бидат пуштени во функција во 2025 година.

Дивизијата за комерцијални возила на Volkswagen е развиен со идеја да се намали метежот и да се зголеми безбедноста во сообраќајот во урбани услови.

За таа цел, компанијата, во соработка со еден од лидерите во областа на автономните системи за контрола – Argo AI, се потпира на комплексен систем за контрола кој се потпира на комбинација на податоци добиени од интегрирани камери, радари и LiDar сензори.

Првoто реално прикажување на VW ID.BUZZ AD e планирано да се одржи во 2025 година, бидејќи претставници на автономниот автомобил ќе бидат вклучени во флотата на компанијата MOIA, субвенционирана од групацијата Volkswagen, што обезбедува решенија за заедничка мобилност.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK