(ВИДЕО) Реакција на 92 години баба која „Москвичот“ го замени со Tesla Model X

Чудно ви е кога ќе го смените автомобилот за нов модел, за друга марка, и веројатно ви треба време да се навикнете. Но, што ако скокнете неколку скалила, па од „едноставен“ автомобил почнете веднаш да користите електричен?
Роси од Талин која има 92 години стана хит во светот на автомобилите откако својот 43 годишен „Москвич“ го замени со новата Tesla Model X.

Таа е највозрасната жена возач, а вози автомобили веќе 32 години. Сепак, досега имала можност да вози само советски машини, па затоа првото искуство со Tesla беше снимано и може да се забележи нејзината реакција.

Во прв момент Роси не изгледа многу изненадена, но што седнува зад воланот и го притиска педалот за гас е фасцинирана од забрзувањето на автомобилот.

Инаку, преминувањето од конценционален автомобил придвижуван од мотор со внатрешно согорување кон електромобил е навистина голем шок, па затоа е интересно да се види како Роси реагираше на новото искуство и тоа на 92 години.