Новиот Alfa Romeo Stelvio e најбезбедниот СУВ на компанијата

ОБЈАВЕНО НА:

Alfa Romeo Stelvio ги доби престижните пет ѕвездички Euro NCAP со резултат од 97% за заштита на возрасните патници, извонреден резултат, имајќи го предвид строгиот систем на оценување воведен во 2016.

Внатрешноста на првиот SUV во историјата на Alfa Romeo остана стабилна на тестот при директен судар: заштитени се сите критични предели на телото и на екстремитетите на совозачот и на извршениот тест за удар во тврда бариера.

Тестовите на предните седишта и на потпирачите за глава покажаа заштита од скршеници на телото во случај на удар одзади.

Alfa Romeo Stelvio е проектиран како дел од семејство, семејството “Giorgio” што е име за архитектурата, кое го среќаваме кај сите верзии на Giulia. Тоа е специјално развиена архитектура која има пружа на сите автомобили Alfa Romeo перформанси, управливост, контрола и сигурност на највисоко ниво, како што го докажаа и петте ѕвездички Euro NCAP кои претходно ги доби Giulia. Значајна инвестиција која дава извонредни резултати.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK