Моделот 3 на Tesla со едно полнење извозе речиси 1.000 км

ОБЈАВЕНО НА:

По низата негативни вести за Tesla конечно да слушнеме нешто добро. Имено како што пренесува Motor1, моделот 3 на Tesla постави нво рекорд во домет со едно полнење на батеријата. Овој теслин модел поминал неверојатни 975.58 км што е апсолутен рекорд.

Најзаслужни меѓу другите за овој рекорд се возачите Шон Мишел и Ерик Стрет кои кружејќи околу Денвер при тоа возејќи со брзина од 30 до 50 км/ч успеаја да поминат неверојатни 975.58 километри. Походот кон рекордот го започнаа на 25 мај и при тоа без прекин (исклучок се физиолошките потреби) возејќи во наредните 32 часа придонесоа за нов рекорд на Tesla.

Сепак и кога ќе помислиме дека се поминало во најдобар ред следи повторно “студен туш” за Tesla и Маск. Имено по завршувањето т.е. целосното празнење на автомобилот истиот беше приклучен на супер полнач, но поради засега непознати причини батеријата воопшто не се наполнила иако на полнач била поврзана цела ноќ. По ова со помош на шлеп служба автомобилот е пренесен на сервис.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK