И акционерите на FCA гласаа позитивно – официјално формиран е третиот најголем производител

ОБЈАВЕНО НА:

Откако акционерите на PSA Групацијата пред неколку денови го изгласаа предлогот за спојување, истото го направија и акционерите на FCA.

Семејството Ањели кое е најголем акционер во италијанско-американската компанија гласаше за спојувањето, исто како и најголем дел од останатите акционери. Со ова практично е исполнет претпоследниот чекор за спојувањето на овие две компании.

Она што останува сега, за конечно официјализирање на спојувањето, е купувањето на акциите во рамките на тргувањето на миланската и париската берза. Истото треба да се направи до крајот на овој месец со што и официјално ќе се формира Stellantis.

По ова ќе се формира и официјално третиот најголем производител на автомобили кој во своето портфолиот ќе ги вклучува брендовите: Abarth, Alfa Romeo, Fiat, Fiat Professional, Lancia, Maserati, Chrysler, Dodge, Jeep, RAM, Citroen, DS Automobiles, Opel, Peugeot и Vauxhall.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK