Американците со ултиматум до VW: Ако сакате да продавате понудете нови електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Откривањето на Дизелгејт скандалот со емисијата на штетни гасови од дизелските мотори на возилата од Volkswagen групацијата ги чини Германците досега над 20 милијарди долари. Но, САД останува важен и голем пазар за групацијата, па затоа е потребно да се задржи влијанието и клиентите.

Но, државата Калифорнија која и испорача високи фактури на компанијата, пропиша и дополнителни услови за VW доколку сакаат да продолжат да продаваат во таа држава.

Сега VW ќе мора до 2019 година да промовира на овој пазар три електрични модели, од што најмалку еден треба да биде СУВ. потоа до 2020 година треба да се појави уште еден СУВ.

Дополнителен услов за VW е во периодот од 2019 до 2025 година да продаде најмалку 35.000 електрични возила во Калифорнија. Како отштета VW ќе исплати вкупно 225 милиони долари, од што 66 долари се за Калифорнија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK