Cosworth направи 3-цилиндричен мотор со 250 коњи

ОБЈАВЕНО НА:

Aston Martin Valkyrie, со помошта на новиот мотор од компанијата Coswort е светски рекордер според показателите кои ги има бидејќи има моќност од 1014 коњски сили. Се работи за новиот 6,5-литарски V12 мотор на Аston Martin, а веќе се појавија информации околу неговото создавање.

Најинтересното е што во прв момент овој мотор претставувал 1,6-литарски мотор со 3 цилиндри и бил изработен од инженерите на Cosworth. Тие решиле да пробаат каква моќност можат да извлечат од сличен мотор без турбина, а тој требало да одговара на сите еколошки потребни.

Крајниот резултат, кој Британците успеале да го постигнат е 3-цилиндричен мотор, кој при обем од 1,6 литри развива 250 коњски сили. Тој работи, без да ги нарушува екостандардите и докажува дека дури и моторите со три цилиндри и мал обем не треба да бидат окарактеризирани како „здодевни“ и „слаби“.

Според шефот на Cosworth – Брус Вуд, во компанијата прво планирале да го изработат моторот за Aston Martin Valkyrie за 12 месеци, но во крајна сметка екипата успеала да се справи со задачата за пет месеци. Воедно докажале дека атмосферските мотори со внатрешно согорување имаат иднина дури и во светот на жестоки еколошки ограничувања.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK