ТЕСТ – Kia Rio 1,25 D-CVVT: По германски рецепт – без револуција, сaмо еволуција

ОБЈАВЕНО НА:

Стилот на Rio делува доста германски, без многу непотребни детали, со смирен дизајн, и со продолжување на она што досега било добро и функционирало. Внатрешноста исто така не „вришти“ со дизајнерски новитети и оригинален ентериер. Напротив и тука се работи за класика. Тоа е возило што е пред сѐ за градски услови, но и те како може да биде семејно возило по потреба.

Kia одамна има поставено цел да биде конкурент на европските производители, а како еден од примерите им се моделите на Volkswagen. Не само за моделот Ceed` туку слична филозофија има и за Rio. Најновата генерација на Rio ги покажува намерите на Корејците кои сакаат со еволуција на претходниот модел, без драматични потези и револуционерен дизајн да покажат дека знаат она што е добро да го надградат и да му дадат дополнителна вредност.

Новото Rio е конкурент на Clio, Fiesta и на Polo, а колку ќе успее да им ги помати сметките на пазарот допрва ќе видиме. Она што е сигурно, Kia нуди квалитет, а оние што знаат тоа да го ценат нема да зажалат ако го изберат Rio за свој семеен пријател. Да, семеен бидејќи Rio може да ги задоволи основните семејни потреби, има доволно простор во внатрешноста, а со ставање на куфер на покривот, станува и возило што секако може да се користи и за патувања.

Rio беше претставен на јавноста на саемот во Париз во 2016 година. Сега Корејците решија да нудат верзија само со пет врати. Таргет им се развиените пазари, кои имаат префинет вкус. Ако таму успее, тогаш проектот е добар. Во најновата генерација на Rio ги има сите досегашни технолошки достигнувања кои купувачите ги сакаат а веќе биле вградувани.
Нема радикална промена, туку еволуција. Моделот што на пазарот беше шест години сега го замени друг што технолошки е подобар, но притоа нема драстична разлика во дизајнот. Изгледот сега е смирен, сериозен и задржани се препознатливите елементи на претходниот модел. Тоа би требало да им донесе нови купувачи, бидејќи она што е добро секако не треба драстично да се менува, туку само да се унапредува.

Веќе на прв поглед станува јасно дека предната маска има некои промени. Таа е дискретна, и исполнета, а отворот за воздух е поставен пониско со црна лакирана пластика, доволна за ладење на моторот.
Димензиите на возилото исто така се зголемени, во трендот што постои во авто индустријата. Rio се приближува полека до Ц сегментот. Тој е поширок, пподолг и пониско поставен, па затоа и изгледот сега е некако попријатен. Надворешните ретровизори сега се дел од прозорот, а не како некогаш од вратата. Во ретровизорот е сместен трепкачот.

Новото Rio е долго 4.065 м. и е за 1,5 см. подолг од претходниот модел, но и без тоа е веќе меѓу рекордерите во класата. Димензиите му овозможуваат на Rio да собере 325 литри во багажникот, што е сепак нешто повеќе од доста други модели. Задната клупа се спушта, па така ако имате потреба багажниот простор се зголемува до 980 литри.

Внатрешноста исто така не „вришти“ со дизајнерски новитети и оригинален ентериер. Напротив и тука се работи за класика. Пред возачот има инструмент табла со два покажувачи на брзината и вртежите, заедно со сите потребни информации. Командите на управувачот се како кај Kia, па ако не сте навикнати, брзо станувате пријател и со нив. Според модата, во средината, веднаш десно од управувачот има екран во вид на таблет на кој се покажуваат голем дел од информациите. Под него, потребните копчиња за клима уредот, и сето тоа складно направени, и без многу други копчиња. Само она што е неопходно.

Автоматска клима, старт-стоп систем, кожен управувач и кожна рачка на менувач, УСБ приклучок, 12V приклучок за полнење и излез за слушалка е она што возачот го има на располагање и веднаш ќе го забележи кога ќе седне. Нормално, и местењето на ретровизорите е со електрика, исто како и задните стакла.
Новата технологија како блу тут, темпомат секако му олеснуваат на возачот, но истовремено покажуваат дека Kia оди во чекор со трендовите, а тоа купувачите секако го сакаат. Се мислело дури и за очилата за сонце, па над средишниот внатрешен ретровизор има посебен оддел за оставање на таквите очила.

Дури и ако сте повиоск возач, или сопатник нема да имате проблем со седењето. Не само што седиштата е добри и ниско поставени, има доволно простор и меѓу седиштата па чувствувате доволно интимност во однос на колегата до вас. Средишно поставената конзола за рака, покажува дека може и да се ужива и одмара, а притоа внатре да се остават доста дребулии. Пред совозачот има помала фиока која е така димензионирана да патникот има повеќе простор за нозете, па со евентуално поместување на седиштето понапред уште поголем комфор ќе има оној што е на задната клупа.

Слично е седењето и на задните седишта. Доволно простор има за четиричлено семејство, а за петтиот патник седењето ќе биде делумно удобно, ако се работи за подолг пат. Сѐ друго е подносливо и без проблеми. Може некој ќе се пожали на тврдата пластика, но, тоа нам и не ни претставуваше некој проблем. Металните отварачи за вратата од внатрешната страна само укажуваат на квалитетот и дека не се штедело на детали. Ако сте на задното седиште а имате потреба да го полните мобилниот, меѓу седиштата има 12V приклучок.

Во понудата на Киа Моторс Македонија ќе ги има трите моторои што се вградуваат, почнувајќи од 1.0 со три цилинди, па преку 1,25 и 1,4, сите безнински, до 1,4 дизелскиот агрегат.
Стартувањето на моторот е на копче, па клучот може слободно да го држите во џебот без да го вадите. За нашите услови, пред сѐ градско возење овој 1,25 мотор што и ние го имавме на тест сосема ги задоволува потребите. Иако без турбо полнач ќе ви покаже дека е способен за многу работи.

При брзина од 90 до 110 км/ч. ќе видите дека тоа е мотор што е солиден и задоволителен. Токму на автопат до израз доаѓа новата платформа н акоја е направен. Обезбедува сигурно патување, во свиоците е неутрален, а на дупки добро не се чувствува многу тресењето.

Потрошувачката е реално околу 8 литри, а бидејќи ние меѓу првите го имавме на тест, го добивме во период кога моторот почнува да се разработува, па и нормално е малку да троши. Ако се земе предвид постојаното користење на клим ауредот, и градското возење, тогаш овие 8 литри се и многу повеќе од реалните.
Наменет е пред се за градските патувања, но нема да ве изневери ако тргнете и на некој пат. Нормално, за дополнителен багаж ќе мора да имате куфер на покрив за да го сочувате комфорот внатре.

Повеќе за новиот Kia Rio, Kia rio cenovnik i tehnicki podatoci (1)

Kia Rio 1,25 – 85 KS

Мотор: Четири цилиндри
Работна зафатнина: 1.248 cm3
Сила: 84 КС при 6.000 в/мин.
Вртежен момент: 122 Nm мешу 1.500 i 4.000 в/мин.
Менувач: рачен пет степен
Погон: на предни тркала
Димензии: 4.065 x 1.730 x 1.450 мм.
Меѓуоскино растојание: 2.580 мм.
Багажник: 325 – 980 литри
Гуми: 185/65 R15
Маса: 1.110 кг.
Резервоар за гориво: 45 литра
Забрзување 0-100 км/ч -12,9 секунди
Максимална брзина: 170 км/ч.

Текст: Горан Антевски
Фото: Орце Поповски

Следете не и на:

24AUTO NETWORK