Audi A4 прославува 25 години

ОБЈАВЕНО НА:

Со симболична фотографија моделот А4 на Audi прослави 25 години од своето постоење.

Германскиот производител овој модел го лансираше за прв пат во 1994 година, започнувајќи го производството во Инглоштад. Од тогаш па се до денес лансирани се пет генерации од овој модел од D сегментот.

Денес овој автомобил покрај во Инглоштад се произведува и во Некарсулм (Германија), Аурангбад (Индија), Чангчун (Кина), Пурвакарта (Индонезија и Соломоново (Украина).

Од 1994 година па се до денес на глобално ниво продадени се нешто повеќе од 7.5 милиони примероци од овој модел што го прави еден од најпродаваните на германскиот производител. Минатата деловна година Audi успеа во глобални рамки да продаде 344.586 примероци.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK