AutoBild со видео го најави изгледот на новиот Audi R8 (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Најпознатиот магазин за автомобилизам AutoBild објави видео со кое ја најавува новата генерација од моделот R8 на Audi.

AutoBild веќе неколку години наназад објавува скици од можните изгледи на најавените, нови модели. Искуството покажува дека голем дел од нивните предвидувања излегуваат точни, па ако е така тогаш новата, трета генерација од овој модел ќе има супер привлечен и спортски дизајн.

Што се однесува до самиот модел, Audi за прв пат го лансираше во 2006 година. Досега се претставени две генерации, а актуелната датира од 2015 година. Она што е сигурно е дека овој модел ќе дојде и во електрифицирана верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK