Тест – Citroen C3: Еволуција во изглед, практичност и едноставност

ОБЈАВЕНО НА:

Ако сте љубител на францускиот дизaјн тогаш сигурно C3 ќе ви се допадне. Тој е модерен, препознатлив, едноставен и штедлив градски автомобил. Од друга страна има и добра цена во однос на она што се добива, и доста сериска опрема што доаѓа уште со основното ниво на опременост.

Откако прво беше претставен моделот C4 Cactus од Citroen ги добија позитивните коментари, нормално и критиките, па брзо стигна и промоцијата на C3, двете возила во кои има и ретро и модерни детали. Можеби токму затоа, овој иновативен дизајн беше добро примен од купувачите. Истото се однесува и за нашите, домашни купувачи кои преферираат практично возило, кое ќе ги задоволи и семејните, но и секојдневни барања. И од друга страна ќе биде со поинаков дизајн, препознатлив што ќе го одвои од другите.

Citroen отсекогаш знаел да ги привлече купувачите пред се` со добрата цена, опременоста и одличните мотори. Иако Македонија е земја каде повеќе се ценат дизелските мотори, пред се поради пониската цена на горивото и помалата потрошувачка, бензинските мотори на Citroen се тие што освојуваат награди. Лани во В.Британија ја добија наградата за бензински мотор на годината. А кога имаш нешто со награда, тогаш значи дека вреди, особено за малиот PureTech мотор што ги задоволува строгите Еуро6 норми и испушта 109 г/км. ЦО2.
Ние го добивме на тест моделот PureTech 82 со нивно на опрема FEEL, што е второ од трите што се нудат. Се работи за 1.2 литарски бензински мотор со 82 КС

Гледано од надвор новиот C3 донесува препознатлива комбинација на предните светла кои се раздвоени, посебно се ЛЕД дневните светла и халогенските светла. На прв поглед се добива впечаток дека новиот C3 е всушност намалена верзија на C4 Cactus. Сепак двата автомобили се разликуваат и тоа во голема мера.
Изгледот на C3 има претрпено еволуција, но ја задржува својата препознатливост. Во однос на претходниот модел сега C3 има поинакви димензии. Пораснат е во должина за 5 см., поширок е за 2 см. а понизок е за 4 см. Зголемено е и меѓуоскиното растојание од 2,47 м. на 2,54 м. што е еднакво со Peugeot 208. Тоа зголемување најмногу ќе се почувствува на задните седишта, иако пријатно бевме изненадени и од комфорот што го има напредните седишта, особено возачот. Во ниту еден момент нема да почувствувате дека сте во градски автомобил со така мали димензии.
Новиот C3 е направен на истата платформа како и C4 Cactus, Citroen C-Elusee, Peugeot 301 и актуелната генерација на DS3. Сега со зголемувањето на димензиите профитираат и семејствата, па багажниот простор е зголемен на 300 литри.

Во Citroen се особено горди што можат да понудат девет бои на каросеријата и три на покривот, па може да се направат 36 различни комбинации. така можете самите да изберете колку и на кој начин ќе се разликувате од другите. Една таква комбинација имавме и ние, кобалт сина боја со бел опал на покривот.
Една од интересните решенија е што наместо алуминиумски бандажи, има челични кои се така дизајнирани и кога на нив ќе се стават поклопци изгледаат како и скапите алуминиумски бандажи. Ако добро не ги видите тркалата ќе мислите дека се тоа скапи алуминиумски бандажи.

Поради црните пластики над тркалата многу потсетува на кросовер, а истите детали ги има и на праговите на вратите и браниците. Сега повеќе се форсираат елементи што нема многу да се ошттеуваат во однос на досегашните лакирани делови пред се на предниот и заден дел од возилото каде и најмногу има гребнатинки. Новиот C3 има облоги што не се лакирани, како браниците, праговите и деловите над тркалата како и Airbump заштитата на вратите. Сите тие се отпорни на честите удари од ситни камења и вратите на другите автомобили кога ќе се најдете на тесни паркиралишта. Тоа ќе придонесе и подолго да го задржите изгледот на неоштетено возило. Оваа Airbump заштита на вратите сепак доаѓаат како дополнителна опрема.

Внатрешноста на новиот C3 се нуди во четири различни комбинации на бои, а ние на нашиот тестен автомобил ја имавме комбинацијата Ambient Metropolitan Grey. Целосната внатрешност е дизајнирана во комбинација на модерен и ретро стил, исто како и кај C4 Cactus.
A внатрешноста изгледа едноставна и прецизна. Најголемиот дел од прекинувачите што беа досега сега се префрлени на централен екран, што е чувствителен на допир. И токму тој дел дава чувство на модерен и софистичиран дизајн. Но, малку е проблематично кога за време на возење ќе сакате нешто да смените, па треба доста шетање низ менито. Веројатно требало дел од старите прекинувачи да бидат оставени.
Најголемиот дел во внатрешноста има тврда пластика, но завршната обработка е на добро ниво, и не нуди ништо поразлично од конкуренцијата. Најважна е пред се функционалноста.

Оние што се напред нема да имаат проблем со просторот при седењето. Задоволително е што и на задните седишта има исто така доволно место, но само за „просечни патници“. Ако сте со висина од 180 см. тогаш ќе имате проблем со простор во горниот дел. На пократки патувања без проблем може да се превезат четворица патници. Проблем може да биде бучавата што се создава од 1.2 литарскиот мотор на повисоки брзини. Но, за градски услови тоа воопшто нема да го забележите.

Во овој градски автомобил е вграден трицилиндричен PureTech Мотор со 82 КС и 118 Нм вртежен момент. Оди заедно со шпет степен менувач. Забрзува до 100 км/ч. за 14,9 секунди, но сметаме дека поважно е што има пристојна потрошувалча, мало ниво на емисија на ЦО2 и ги задоволува Еуро6 нормите.
Во градски услови ќе ви потроши околу 7 литри, на отворен пат околу 5 литри, но се зависи и од вашиот начин на возење. Најдобро се однесува моторот во режим меѓу 2.500 и 3.000 вртежи.

Возилото има меко наместена суспензија што се покажува како предност на лошите патишта, но треба да се внимава при поголеми брзини и опасни свиоци. Но, првенствено возилото е наменето за релаксирано возење, најмногу градски услови, но и за семејни патувања надвор од градот. Важно е што кругот н авртење е 10,7 метри. Сопирачките се напред дискови, а позади има барабани. Автомобилот е опремен со ABS, EBD, BAS, ESP,..

За повеќе информации за моделите, условите за финансирање и цените можете да го посетите салонот на Автонова, или нивниот интернет сајт www.citroen.com.mk

Фотографија: Орце Поповски