Peugeot верува во караваните – доаѓа 308 SW

ОБЈАВЕНО НА:

Peugeot е еден од ретките производители кои се уште верува во караваните од C сегментот, со лансирање на новата генерација на 308 SW, што е попрактична верзија на новиот 308 хечбек и секако постилска алтернатива на СУВ моделот како што е 3008. Ова е втор караван на француската компанија по оној, поголемиот, 508 SW

Peugeot ги откри деталите за новиот 308 SW, за кој компанијата коментира дека, во зависност од земјата, ќе биде достапен за купување и целосно на интернет со 100% дигитално искуство. Новиот Peugeot 308 SW има навистина импресивен дизајн на екстериерот и ентериерот, комбинирајќи модерен стил, висока технологија и целосно нов бренд идентитет на француската марка.

Компанијата очекува пазарот на каравани да остане стабилен во Европа во следните години. Прогнозите се дека при продажбата на моделот 70 отсто ќе биде на компании, а 30 отсто на приватни купувачи.

Од Peugeot коментираат дека новиот 308 SW нуди пространа внатрешност, благодарение на должината на каросеријата на караванот од 4,64 метри и меѓуоскиното растојание од 2,73 метри. Самиот автомобил освен што е импресивен во однос на изгледот, е и аеродинамички оптимизиран, а во него има и дополнителни товарни прегради за мал багаж. Вториот ред на седишта е делив во однос 40/20/40, а преклопувањето на одделните делови е можно од багажникот, што пак е направено на две нивоа и придонесува за носивост од 608 до 1634 литри.

Новиот Peugeot 308 SW е опремен со подобрена верзија на дигиталниот кокпит Peugeot i-Cockpit со 10-инчна 3Д-табла со инструменти и исто така 10-инчен централен дисплеј, нов компактен волан со интегрирани копчиња и можност за греење и повеќе.

Новиот Peugeot 308 SW може да биде опремен со полуавтономен систем за управување со Drive Assist 2.0 со адаптивен круз контрол со функција за автоматско следење на сообраќајот.

Peugeot 308 SW

Peugeot е еден од ретките производители кои се уште верува во караваните од C сегментот, со лансирање на новата генерација на 308 SW, што е попрактична верзија на новиот 308 хечбек и секако постилска алтернатива на СУВ моделот како што е 3008.

Автомобилот ќе биде достапен во повеќе верзии на мотори, вклучувајќи и верзија на полнење (PHEV) (HYBRID 225 e-EAT8, HYBRID 180 e-EAT8), бензински (PureTech 110 S&S BVM6, PureTech 130 S&S BVM6 и PureTech 130 S&S EAT8) и дизелски (BlueHdi 130 S&S BVM6 и BlueHdi 130 S&S EAT8).

Моделот ќе се произведува во фабриката во Млхаус во Франција и првите испораки се очекуваат пред крајот на 2021 година. Нема најави за цената, но според трендот што постои секако ќе биде нешто поскап од претходникот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK