Нема да има повеќе убавици покрај болидите во Формула 1

ОБЈАВЕНО НА:

Првите луѓе на Формула 1 ја разгледуваат можноста за укинување на традиционалните промотерки на трките коишто се наоѓаат покрај секој болид на стартот од трките. Популарно наречените “грид грлс” кои веќе со децении се дел од Ф1-циркузот во последните години се деликатна тема и мета на бројни критики поради третирањето на жените како објект.

Новите сопственици на Ф1, од компанијата од САД, „Либерти медија“ го менува имиџот на натпреварувањето, а првиот чекор беше новото лого. Следниот чекор е отстранување на девојките од патеката односно од стартот на трките.

„Сакаме да го испочитуваме мислењето од сите страни. Постојат многу луѓе на кои им е важна традицијата, а постојат и оние кои мислат дека на „девојките од стартот“ не им е местото на патеката“, вели директорот на Ф1, Рос Браун.

„Тоа е нешто со кое растевме. Уште додека бев дете гледав во девојките со чадорите. Тоа беше нешто со што овој спорт добиваше на атрактивност“, вели возачот на Red Bull, Даниел Рикардо, кој не е воодушевен со идејата за тргањето на девојките од стартот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK