Во Лос Анџелес претставен Maserati Levante GTS (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иако веќе извесно време помина од неговото претставување на интернет, Maserati Levante GTS беше една од најголемите ѕвезди на саемот за автомобили во Лос Анџелес.

Стручњаците од Ferrari сериозно се вмешаа во развојот, па Maserati Levante GTS под својата хауба има twin-turbo бензинец со 3.8 V8 набиен на 550 коњски сили и 730 Nm. Силата ја пренесува на сите тркала по пат на осумстепен автоматски менувач со двојна спојка. До 100 км/ч успева да стигне за 4,2 секунди, а максималната брзина е 292 км/ч.

Внатрешноста на ова возило е дополнително разубавена со скапи материјали и богата опрема како аудио составот од Harman Kardon со 14 звучници.