Спремна е подновената Honda Jazz и со нов 1.5 литарски мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Еден месец пред почетокот на меѓународниот саем во Франкфурт, Honda ги објави првите фотографии и детали за обновената верзија на компактниот модел Jazz, кој ќе се нуди во Европа. Нарачките за европските купувачи ќе почнат во ноември, а првите испораки се на почетокот на 2018.

Паралелно со промените во надворешноста и внатрешноста на возилото, Honda Jazz ќе се нуди во Европа со нов 1.5 литарски i-VTEC бензинец со 130 коњски сили. Новиот погонски агрегат на Honda Jazz ветува понуда на одлична динамика на патот во комбинација со економичност, а моторот ги исполнува Euro 6 стандардите. Според Honda, просечната потрошувачка на гориво на новата модификација е 5,4 литри на 100 километри, а СО2 емисиите се 124 грама на километар кај верзијата со CVT автоматски менувач.

Новиот 1.5 литарскиот i-VTEC мотор се нуди кај новото ниво на опрема Dynamic што вклучува и голем број екстериерни новости, вклучувајќи нов преден сплитер, заден дифузер, диодни светла, заден спојлер, специјален тапацир, волан и менувач со кожа и други. Овој нов 1.5 литарски мотор доаѓа како замена за досегашниот 1.3 со 101 КС.

Во стандардната опрема на Jazz се вклучени круз-контрол, греењето на седиштата, автоматски фарови, систем City-Brake Active и други системи, а повисоките нивоа на перформанси доаѓаат со 7 инчи Honda Connect инфо-комуникациски систем, задна камера, стартување на моторот со копче, систем за препознавање на сообраќајните знаци, предупредување при ненамерно преминување на средната линија на патот и друго.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK