Ништо не е случајно: Зошто автомобилските гуми почесто пукаат во летните месеци?

ОБЈАВЕНО НА:

Напумпајте ги гумите до препорачаната вредност која е наведена на плочката со информации за гумите, која се наоѓа најчесто на вратите на возачот или во прирачникот за употреба на возилото

Можеби сте забележале, но во лето и кога времето е топло почесто се случува да пукне гумата на возилото. И за тоа постои причина. За време на возењето страничните делови на гумата се виткаат, а со тоа површината на гумата на асфалтот е поголема и доаѓа до зголемено триење што исто така ја зголемува и нивната температура.

Доколку притисокот во гумата биде во склад со пропишаното тогаш произведената топлина е минимална. Сепак, доколку притисокот во гумите е низок, страничните ѕидови се многу пофлексибилни, одредени делови се потпираат на асфалтот и создаваат многу повеќе топлина. На тоа треба да се додаде летното сонце односно високата температура на асфалтот и на крајот гумата може да се распадне.

Националната управа за безбедност во сообраќајот на патиштата во Америка (NHTSA) проценува дека секоја година најмалку 11.000 судири кои се поврзани со неисправноста на гумите, при што во 2016 година смртно настрадале 733 лица. Сите овие несреќи не беа поради пукање на гуми, но овие дефекти секако допринесоа за тој број и влијаеја на судирите.

 

Значи, напумпајте ги гумите до препорачаната вредност која е наведена на плочката со информации за гумите, која се наоѓа најчесто на вратите на возачот или во прирачникот за употреба на возилото. Затоа треба често да се прегледуваат гуми, барем еднаш месечно.

Секоја гума треба да биде правилно напумпана и не смее да има испакнатини, гребнатинки, исекотини или оштетуања предизвикани од удари при удар во дупка или раб. Исто така најдобро е да се провери притисокот на гумата кога автомобилот е ладен односно доколку не се вози или е вози на кратко растојание.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK