Нови фотографии од Peugeot 208

ОБЈАВЕНО НА:

Откако пред само неколку недели на интернет се појавија неколку фотографии од маскираниот Peugeot 208, деновиве на интернет, во пресрет на премиерата во Париз се појавија нови фотографии кои малку го откриваат ентериерот и екстериерот.

Од новите фотографии може да се потврди веќе претходната констатација дека новата генерација на овој градски автомобил ќе ја следи новата дизајнерска филозофија која е применета кај новиот 508.

Така, новата генерација на Peugeot 208 доаѓа со нова предна маска како и нови LED предни светла со две странични линии кои се спуштаат вертикално кон предниот браник, а кои слушат за дневно амбиентално светло. Во внатрешноста ќе бидат преземени и неколку ентериерни детали од Peugeot 508, а оваа генерација на Peugeot 208 за разлика од претходната доаѓа и со најновата генерација на инфотејнмент на Peugeot.

Ова втората генерација на 208, модел кој за прв пат се појави во 2012 година. Според најавите, во продажба ќе се најде на почетокот на следната година, а покрај основната изведба планирана е и електрична и GTi изведба.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK