BMW X7 во Франкфурт, но како концепт

ОБЈАВЕНО НА:

Германците долго го најавуваа моделот BMW X7, и тој уште есенва ќе биде претставен на семот во Франкфурт, но засега само како концепт. За серискиот модел веројатно ќе треба да се почека барем половина година, иако и тој е најавен за 2018. Моделот Х7 треба да биде ривал на Mercedes GLS, Range Rover и на Cadillac Escalade.

Има размислување дури дека за Х7 се размислува дури и спортска М верзија. А таа, најсилна верзија во тој случај би имала 4,4 литарски V8 твинтурбо мотор со повеќе од 600 КС. Главни пазари каде овој модел би се продавал, заедно со основната верзија треба да биде Кина, Русија и САД. Се планира и ултар луксузна верзија на Х7.

Според најавите BMW X7 би требало да биде најлускусен модел во гамата, дури подобар и од серија 7, и да има места и за седум патници и доста багаж. За да се намали тежината на возилото ќе се употребува алуминиум, магнезиум и јаглеродни влакна.

BMW X7 треба да биде долг околу 525 см. и ќе биде направен на CLAR платформата, и се развива под кодната ознака G07. Во понудата би требало да има верзија со погон на задните тркала и xDrive на сите четири тркала. Моторите што се споменуваат се 3,0 литарски твин турбо со 6 цилиндри, па и 4,4 литарски твин турбо В8, а можеби дури и 6,6 литри твин турбо В12. Може да се очекува и плаг-ин хибридна верзија.

За почеток се планира годишно производство од околу 45.000 возила, а цената би требало да биде околи 130.000 евра за основната верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK