Dodge го направи најмоќниот СУВ на светот (ФОТОГАЛЕРИЈА/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од Dodge беа откриени првите детали за верзијата 2021 година на Durango SRT Hellcat, за кое од американската компанија велат дека е најмоќното СУВ на светот.

Во споредба со претходната еволуција, Dodge Durango SRT Hellcat 2021 доаѓа со променета внатрешност и надворешнсот, како и со 6.2-литарскиHEMI® Hellcat V-образен, осумцилиндричен мотор, комбиниран со автоматски менувач.

Со максимална моќност на моторот од 710 коњски сили, Durango SRT Hellcat 2021 е во состојба да забрза од 0 до 96 км/ч за само 3,5 секунди и да помине четврт милја од позиција на мирување за 11,5 секунди.

Максималната брзина која ова СУВ возило може да ја достигне е 290 км/ч.

Резервации за купување на Durango SRT Hellcat 2021 ќе почнат да се примаат подоцна годинава, а првите испораки се очекува да бидат направени на почетокот на следната година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK