Колку милиони чини прекин на производството од 40 минути?

ОБЈАВЕНО НА:

Производителите знаат да се пофалат како на секоја десетта и 30-та минута излегува по еден автомобил од нивните ленти, и како постојано се подобрува продуктивност во нивните фабрики. Но, што доколку поради некоја причина производството непланирано мора да биде прекинато? Колкава е штетата?

Неодамна фабриката на BMW во Минхен мораше да биде прекинато поради тоа што двајца работници биле пијани и издрогирани. Направената штета била 1,06 милиони долари, за само 40 минутен прекин.

За ова прво информирал германскиот весник Bild што потоа било потврдено од баварскиот производител. Двајцата вработени имале многу повеќе алкохол во крвта од дозволеното и дишеле синтетичка марихуана во нивната соблекувална. Поради ваквата состојба морале да повикаат амбулантно возило поради што имало и прекин во производството.

Според информациите двајцата работници биле од Полска, а едниот морал да биде итно префрлен во болница заради натамошни испитувања. Еден бил отпуштен, а другиот бил префрлен на друго работно место.

Слични сценарија имало и претходните години, на пример во 2010 година и 2011 работници во Трентон во фабрика на Chrysler и онаа во Детроит биле фатени пијани и како пушат. Некои од нив биле отпуштени. Една година подоцна механичар на HRT Формула 1 тимот бил пијан на летот од Мадрид до Сао Паоло.