Volvo со награда за безбедност на патишта

ОБЈАВЕНО НА:

Експертите за безбедност на Volvo Cars добија престижна награда од Националната администрација за безбедност на автопатишта на Соединетите Американски Држави. Volvo Cars, произведувачот на премиум автомобили и синоним за напредни и безбедни системи, уште еднаш е признат по својот придонес за унапредување на безбедноста во сообраќајот и намалување на фаталните и тешките повреди на патиштата.

Пер Лехнов, сениор менаџер и Магдалена Линдмен, технички експерт за анализа на податоци за безбедност во сообраќајот, кои работат во безбедносниот центар на Volvo Cars, беа препознаени по својот придонес во зголемување на безбедноста во сообраќајот. Тие со години работат на развој на широка палета системи, вклучувајќи ја и заштитата на патниците при излегување од пат, но и физички и компјутерски тест методи кои снимаат и ги копираат ударите од реалниот живот.

Со јасен фокус на безбедноста во реалниот живот и Линдмен и Ленхоф дадоа суштински придонес на високо ниво на безбедност во најновите производи на Volvo Cars, вклучувајќи го и новиот XC60. Овој автомобил има системи за напредна поддршка на возачот и помош при управување, кои припаѓаат на најнапредните системи на пазарот.

Линдмен и Леноф влегоа во ексклузивниот клуб на инженери за безбедност на Volvo кои го добиле ова признание на полето на пионерската иновација за безбедност.

Volvo Cars е единствен во автомобилската индустрија поради својот пристап кон безбедноста. Од 1970-та година, шведската марка собираше податоци за илјадници судири од реалниот свет со цел подобро да ги препознае безбедносните потреби во релниот живот. Визија на безбедност и Безбедност во вистинскиот живот се дел од програмата за одржливост на Volvo наречена Omtanke.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK