Деновиве најпрофитно работи – пајак службата!

ОБЈАВЕНО НА:

Се паркирате за кратко само да купите нешто од продавничката, а ги оставате вклучени трепкачите на автомобилот. Брзо доаѓа до вас полициски слуижбеник кој е опремен со налози за пишување глоба. И нема бегање – ќе си платите. Тоа е ситуацијата што во последно време е се повеќе зачестена по скопските улици. Само вчера според податоците на МВР бил еизречени 63 прекрошочни глоби за непоприсно паркирање во Скопје.

Но се уште најпрофитабилно работи пајак службата. За едно деноноќие биле подигнати 54 возила. Ако се земе предвид дека секое ангажирање на пајак службата е најмалку 2500 денари, и плус ќе добиете казна за прекршокот тогаш можете да пресметате колку заработува пајак службата.

За потсетување секторот Пајак има осум возила со кои работи на територијата на Скопје. И работи седум дена во неделата.

Подигнување непрописно паркирано возило по налог на овластено лице, кога сопственикот се појавува на лице место и самостојно го отстранува се наплаќа 1.500 денари.
Најскапо е подигнување на возило од зелена површина, по налог на комунален инспектор и пренос на возилото до Депо Пајак што чини 3.500 денари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK