Имиџот се мери на секој начин: Кои автомобилски марки најчесто се испеани во песни

ОБЈАВЕНО НА:

Американците се познати како страствени статистичари и од речиси сѐ прават истражување и различни рангирања. Во овој случат истражувањето го направил Bloomberg и тоа барал да види кои автомобилски брендови се најчесто споменувани во современата хип-хоп и поп музика.

Ако било кого прашате да ви каже неколку брендови што најмногу ги посакува, бидете сигурни дека на таа листа секако ќе се најдат Mercedes, BMW, Porsche…. Но, дали истата популарност ја имаат возилата и кај текстописците на популарна музика?

Според анкетата спроведена од страна на Bloomberg најчесто споменуван автомобилски бренд во современата хип-хоп и поп музика е Rolls Royce. Студијата ги вклучува сите песни кои се направени во периодот од мај 2014 до мај 2017 година и успеале да дојдат меѓу првите 20 на “Билборд Хот 100” листа. Името Rolls Royce се појавилo 11 пати.

Најчесто опејан автомобилски бренд во песните

Вториот најчесто споменуваните автомобил бренд е Ferrari (9 пати), а трет Porsche (8 пати). Chevrolet и Lamborghini во текстовите од најпопуларните песни во последните 3 години се појавуваат по 6 пати, Bentley, Cadillac и Mercedes по 5 пати.

Портпаролот на компанијата Rolls-Royce, Гери Спан, вели дека тоа не е случајно, со оглед на тоа дека производителот често им ги дава своите возила на музички ѕвезди да ги користат, и познати личности и музичари сочинуваат 20 отсто од клиентите на еден од најлуксузните марки на автомобили во светот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK