Peugeot e-208 со награда “Мал електричен автомобил на годината” од страна на а “What Car?

ОБЈАВЕНО НА:

Новиот PEUGEOT e-208 Allure Premium е прогласен за „Мал електричен автомобил на годината“ на од страна на “What car?” победувајќи голем број ривали за титулата, вклучувајќи ги Honda E и Renault Zoe.

Новиот e-208, новa генерација на 100% PEUGEOT електрично возило, продолжува да освојува награди, носејќи ја наградата „Електричен мал автомобил на годината“. Воедно новите PEUGEOT 208 и e-208 беа прогласени за „Европски автомобил на годината“ претходно оваа година.

Стручното жири на “What Car?” беше импресионирано од уникатната филозофија на PEUGEOT за „изберете го вашиот PEUGEOT, изберете го вашиот погонски систем“, што им овозможува на купувачите да изберат помеѓу 100% електричен нов е-208 или бензинските и дизел варијантите на новиот 208, без компромис во практичноста, спецификациите или способноста.

Впечатливиот“ ентериер на новиот e-208 Allure Trim исто така постигна високо рангирање од страна на судиите на „What Car“? Тие го пофалија новиот ентериер со најновиот Peugeot 3D i-Cockpit® за дизајнот и пакетот технологија како и безбедносните карактеристики на возачот. Еластичната суспензија и практичниот опсег на батеријата во реални услови исто така добија високи оценки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK