Logitech направи водоотпорен звучник

ОБЈАВЕНО НА:

UE Wonderbroom (WS650) е новиот водоотпорен звучник произведен од Logitech. Звучникот е со цилиндричен дизајн, што овозможува 360° сараунд звук. Звучникот може да се пренесува и на горната страна има контролни копчиња.

Звучникот има и микро – УСБ приклучок за полнење на вградената литијум – јонска батерија, која овозможува до 10 часа репродукција на музика.

UE Wonderbroom (WS650) го има сертификатот IPX7, што значи дека има заштита за дожд, како и заштита во случај да го полие вода. Може и да издржи до 30 минута во вода до длабочина од најмногу 1 метар.

Звучникот има домет до 30 метри, а Logitech го пушта во продажба по 25 мај.