(Видео): Може ли да се сместат два мотори во фиќо? Може, може..

Националното возило на поранешна СФРЈ, популарното фиќо и денеска привлекува внимание на патиштата, па и на трките. Некогашниот модел Zastava 750 сега се најде на мета на неговиот сопственик Дамир Ожеговиќ кој успеал да вгради два мотори во него.

Тоа било направено со цел да се добие силен автомобил што ќе може да се спротистави на возилата на натпревар во забрзување. Тој натпревар се одржа викендов на помошната писта на аеродормот во Мостар.

Во возилото има два мотори, Suzuky Haybuse со дополнителен нитро систем. Интересно е да се види како фиќо „полетува“ како ракета оставајќи го возилото зад себе.