Сите зборуваат за екологија а расте емисијата на CO2 кај возилата

ОБЈАВЕНО НА:

Најновото проучување на генцијата  JATO Dynamics донесе информација според која средниот показател на CO2 емисиите на новите автомобили регистрирани во изминатата година го има запишано четвртото годишно зголемување.
Како главна причина за ова зголемување од агенцијата ја посочуваат драстичната промена во корисничкото расположение и менување од дизел кон бензин автомобилите. Овој тренд е забележан во вкупно 20 од 23 земји кои биле анализирани од JATO Dynamics.

После падот од 18 проценти во побарувачката на нови дизел возила во минатата година во Европа, податоците на истражувањето на JATO Dynamics покажуваат дека во2018 година средниот показател на CO2 емисиите кај реализираните нови возила се има зголемено за 2,4 грама на километар и има достигнато ниво од 120,5 грама на километар после 119.2 за 2015 и 123.3 за 2014 година.

Од JATO Dynamics коментираат, дека средниот показател на CO2 емисиите кај новите дизел автомобили продолжува да е под оној на бензинците, а цитираната вредност е 3,2 грама на километар.

„Позитивниот ефект на дизел автомобилите врз емисиите ослабе како резулат на драматичното намалување во побарувачката во минатата година. Ако овој тренд продолжи и перцепцијата на автомобилите со алтернативен погон не се забрза, индустријата ќе треба да преземе драстични мерки за да ги задоволи краткорочните цели“, велат од агенцијата.

Само кај три од анализираните земји од JATO Dynamics на европскиот пазар се забележани подобрувања кај средниот показател на CO2 емисиите кај новите возила за 2018 година. Се работи за Норвешка (подобрување од 11,4% до ниво од 72,4 грама на километар), Холандија (2,9% и ниво од 106 грама на километар) и Финска (0,6% и 118,4 грама на километар).

На дното на ранг листата во однос на СО2 емисиите на новите автомобили за изминатата година се најде Швајцарија. Новите возила во 2018 година имаат средно по 137,3 грама CO2 на километар, што е за 4 повеќе во споредба со 2017 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK