Земја со најбучни улици сака сирените на возилата да бидат заменети со музика!

ОБЈАВЕНО НА:

Индискиот министер за транспорт Нитин Гадкари смета дека треба да се донесе закон за замена на сирените на автомобилите со звуци на музика. На тој начин бучавата нема да биде толку гласна со свирки кои знаат да бидат и многу агресивни.

„Во моментов ги истражуваме можностите и планираме да го смениме законот, така што сирените на возилата ќе ги заменат звуците на музичките инструменти. Тоа може да биде пријатно за ушите, во споредба со моменталната атмосфера во сообраќајот. Замислете флејти, виолини, виоли, харфи и други звуци на улиците – изјавил Нитин Гадаки.

Гадкари, исто така, смета дека би било добро досадните полициски сирени да се заменат со малку поинакви звуци. Верувале или не, улиците во Индија се меѓу најбучните на планетата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK