Mеrсеdеs ја претстави eлeктричната S-Klаssе (ФОТО/ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

После редица на видеа, фотографии и информации за една од најдолгоочекуваните премиери во Mеrсеdеs, германската компанија го покажа најлуксузниот електричен автомобил, кој е еквивалент на S-Klаssе. Mеrсеdеs-Bеnz ЕQS ќе дебитира во две верзии и максимална километража од 770 километри со едно полнење.

Почнувајќи со дизајнот на ЕQS, може да се види дека има малку заедничко со оваа S-Klаssе или барем не според изглед. Целокупната форма на моделот е доста различна, што се одразува позитивно на аеродинамиката, која според германската кмпанија е најдобрата постигната некогаш кај сериски автомобил.

Платформата на која е изградена електричната лимузина исто така е целосно нова, но повеќе детали за неа ќе бидат познати за време на премиерата на ЕQЕ или барем така ветуваат од Mеrсеdеs. Должината на 5.265мм, што е повеќе од онаа на cтaндaртнaтa S-Klаssе, но помалку од продолжената верзија.

Одејќи кон внатрешноста, таму може да се види таблата, составена од три дисплеи со вкупна големина од 56 инчи, кои на практика покажуваат и ја контролираат секоја од функциите на автомобилот. Сите технологии од S-Klаssе се достапни и тука, вклучително и дисплеј со виртуелна реалност и различни аситенти за помош на возачот при возење.

Автомобилот е опремен со вртење на четирите гуми, што според германската компанија обезбедува радиус на вртење сличен на оној на малата А-Klаssе. Опционално е и автоматското отворање на вратите, кога ќе им се приближите, како и автоматско затворање кога ќе ја притиснете педалата на сопирачката.

Една од интересните новости, кои ги нуди конфигурацијата Hypеrsсrееn со три дисплеи е гледањето на филмови и видеа на екранот за патниците. Различни сензори, пак, го следат погледот на возачот и доколку тој го погледне екранот на патникот, тогаш тој се затемнува. Тоа не се случува само и единствено доколку е вклучен Mеrсеdеs Drivе Pilоt системот, кој на практика управува сам до определена брзина cиcтeмaтa.

Во прво време клиентите ќе можат да избираат меѓу ЕQS 450 и ЕQS 580 4Mаtiс, a од Mеrсеdеs работат на верзијата со 715 коњски сили, која најверојатно ќе го носи логото АMG.

Кај ЕQS 450 на располагање ќе има еден електромотор, кој ќе биде монтиран на задната оска, ќе генерира 333 коњски сили и максимален вретежен момент од 568 њутн метри, кои се достапни за забрзување од 0 до 100 км/ч за 6,2 секунди.

Mеrсеdеs-Bеnz ЕQS

Помоќната верзија ЕQS 580 располага со по еден електромотор, кој управува со предните и задните гуми и им обезбедува 523 коњски сили и максимален вртежне момент од 855 њутн метри. И покрај тежината од над 2,5 тони, забрзувањето до 100 км/ч ќе одзема 4,3 секунди. Што се однесува до опциите за батерии и километража, од компанијата споменуваат само дека кај конфигурацијата со поголема батерија од 107,8 кВч километражата ќе достигне 770 километри, но е можно да биде порачана и помала батерија од 90кВч.

Помоќната верзија ЕQS 580 располага со по еден електромотор, кој управува со предните и задните гуми и им обезбедува 523 коњски сили и максимален вртежне момент од 855 њутн метри. И покрај тежината од над 2,5 тони, забрзувањето до 100 км/ч ќе одзема 4,3 секунди. Што се однесува до опциите за батерии и километража, од компанијата споменуваат само дека кај конфигурацијата со поголема батерија од 107,8 кВч километражата ќе достигне 770 километри, но е можно да биде порачана и помала батерија од 90кВч.

Максималната брзина и кај двете верзии е ограничена на 210 км/ч за подобра потрошувачка на енергија, а од Mеrсеdеs ветуваат брзо полнење, кое обезбедува 300 км со едно брзо полнење од 15 минути. Сè уште нема објавени официјални цени за електричното возило, но од компанијата велат дека тие ќе бидат еквивалентни на оние на S-Klаssе, додека продажбите почнуваат од оваа есен.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK