Започнува производството на новиот Stratos – ќе чини половина милион евра

ОБЈАВЕНО НА:

Легендарната Lancia Stratos по пауза од 40 години повторно се врати на автомобилската сцена откако пред две години беше претставена во рамките на саемот во Женева.

Сега, по само две години и официјално е потврдено отпочнувањето на производство на овој модел. Сепак, производството нема да го спроведува Lancia туку MAT (Manifattura Automobili Torino), италијанска компанија која ја доби лиценцата за производство на овој модел.

Новиот Stratos кој е дизајниран од страна на оваа компанија и Pininfarina, во најголем дел е составен од компонентите на Ferrari вклучувајќи го и 4.3 литарскиот V8 мотор кој произведува 540 КС. Со овие перформанси и тежина од 1,247 кг, Stratos 100ка ќе достигне за 3,3 секунди, а максималната брзина која ќе може да ја достигне изнесува 320 км/ч.

Од овој модел ќе бидат произведени само 25 примероци, а иако нема официјална потврда, цената ќе биде половина милион евра.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK