Директорите на Opel размислуваат за правење на чисто електрични возила

ОБЈАВЕНО НА:

Главниот извршен директор на Opel, Карл Томас Нојман работи на стратегија автомобилскиот производител да биде бренд што ќе прави само електрични возила, пишува германскиот магазин Менаџер Магазин.

Нојман работи на развој на стратегијата веќе со месеци за да му помогне на Opel да преживее, а бордот на GM да разговара за планот во мај, пишува магазинот повикувајќи се на извори во компанијата.

Директорот се плаши дека Opel нема доволно ресурси да ги развива двата типа на мотори, со внатрешно согорување и електрични. Тој работи на стратегија за електрични возiла паралелно со дискусијата на GM за продажба на брендот на PSA.

Opel ќе ја користи електричната платформа на GM, што е веќе во Chevrolet Bolt и нивниот сестрински модел, Opel Ampera, пишува магазинот.

Додека стратегија да заврши околу продажба на мотори со внатрешно согорување и целосно имплементирање од 2030 година, поделбата ќе биде на “стар” и “нов” Опел, пишува списанието.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK