Ssang Yong го смени името

ОБЈАВЕНО НА:

Корејскиот производител на автомобили SsangYong веќе две години е на работ на банкрот и сега планира да изврши целосно ребрендирање, ново име на компанијата, ново име на автомобилите...

Од октомври годинава контролниот пакет на акции во SsangYong (62%) веќе е во сопственост на KG Group. Новото раководство одлучи дека брендот SsangYong во последниве години стана премногу силно поврзан со неуспех. Затоа, потребен е „план за спасување“, според кој марката, која постои 35 години, ќе биде заменета со нова. Компанијата во иднина ќе се вика KG Mobility, а автомобилската марка – KG.

Оваа одлука допрва треба да биде одобрена од одборот на директори. Ако се оди според планот, новиот бренд ќе биде официјално претставен пред јавноста во март 2023 година.

SsangYong минува низ тешки времиња во последните две години, но неодамна има светлина на крајот од тунелот. Во летото беше претставен кросоверот Torres, кој стана првиот модел создаден во согласност со новата филозофија на брендот – Powered by Toughness.

Корејците прокламираат дека „силата лежи во упорноста“. Имајќи предвид дека компанијата успеа да опстане во вакви тешки услови, слоганот е соодветен.

Новиот модел го зазема местото помеѓу сегашната генерација на Korando и поголемиот Rexton. Кросоверот е именуван по Националниот парк Torres del Paine во Патагонија. Светскиот биосферен резерват на УНЕСКО е познат по своите живописни планини, глечери, езера и реки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK