Дали знаете кои автомобили се „најмалку валкани “?

ОБЈАВЕНО НА:

Главното прашање во оаа ситуација се однесува за емитувањето на штетните гасови, кои се исфрлаат од автомобилите, а одговор на прашањето дава аналитичката агенција JATO Dynamics. Експертите на JATO објавија рејтинг по брендови, покажувајќи како брендовите влијаат на околината.

Се покажува дека највалканите автомобилски брендови се моделите кои исфрлаат средно над 300 грама на километар. Тоа се Rolls-Royce и Lamborghini. Зад нив се наоѓаат други егзотични брендови како Ferrari, Bentley, Aston Martin и други. Поголеми меѓу загадувачите се Subaru и Land Rover.

Сосема очекувано најчисти се електромобилите на Tesla, а следени се од Smart. Toyota, Peugeot, Citroen и Renault исто така се со многу добри показатели. Од германските премиум брендови Audi и BMW се во третата група и тоа на 24. и 25. место. Во 4. група се наоѓа Mercedes и тоа на незавидната 30. позиција.

Во продолжение можете да го видите комплетниот ранкинг.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK