Во Кина најмногу произведени возила, Италија ја нема во топ 10

ОБЈАВЕНО НА:

Уште една година по ред Кина е земјата во која се произведени најмногу возила, покажува официјалната статистика за 2019 година.

Според истата, минатата година во оваа земја биле произведени 25.720.660 возила што е повеќе од двојно во споредба со САД каде се произведени 10.880.020 возила. Во топ 3 земји производители се наоѓа и Јапонија со произведени 9.684.300 возила.

Во Европа, очекувано, најмногу возила се произведени во Германија и тоа 4.661.020 што ја прави оваа земја четврта во светот, веднаш пред Индија во која минатата година се прозиведени 4.516.020 возила.

Листата од 10-те земји најголеми производители на возила ја сочинуваат уште и Мексико, Јужна Кореја, Бразил, Шпанија и Франција.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK