Но секој болид се управува со воланот, а тој во текот на историјата баш и се нема нешто многу менувано, во самиот почеток на првенството. Освен еден мал период во доцните 80-ти од минатиот век кога се појавија полуавтоматски менувачи. Потоа требаше едн адекада за да се појави електрониката за моторите и суспензијата, и да почне драстичното менување на изгледот и на управувачот.

И денеска тој личи на тркало, но, со многу копчиња на него, и светилки кои контролираат многу системи. Можете да замислите како изгледа менувањето на некои потребни работи додека возите со брзина од околу 200 км/ч.