Во Германија се крадат возила „на големо“

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година во Германија се украдени 14.600 автомобили, речиси една петтина повеќе од претходната година, објави во вторникот федералната криминалистичка полиција БКА.

За 2021 година, БКА првично изјави дека се украдени 16.500 патнички возила, но подоцна појасни дека тука се вклучени сите возила со регистарски таблички, вклучително и електричните скутери. Во 2021 година биле украдени 12.215 автомобили.

Податоците од минатата година покажуваат голем пораст на кражбите на поголеми возила и камперски комбиња, на 465, односно за 148 отсто.

„Една од причините е што во Германија се регистрираат сè поголем број вакви возила. Покрај тоа, поради нивната висока вредност, тие се особено привлечни за крадците“, велат од БКА.

Полициските истражители сметаат дека зад поголемиот дел од кражбите на автомобили стојат организирани криминални групи, специјализирани – едни крадат, други транспортираат или продаваат украдени возила.

Се почест е феноменот на таканареченото крадење дома, провалување во станови со цел да се украдат клучеви од автомобил, а потоа и возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK