LADA Vesta слави: Пет години и повеќе од 450.000 продадени возила

ОБЈАВЕНО НА:

На 25 септември, AVTOVAZ одбележа пет години од стартувањето на продажбите на хит моделот за брендот Lada Vesta, развиен како резултат на партнерството на компанијата со Renault-Nissan Alliance.

Vesta, која беше претствена првпат за време на меѓународниот саем во Москва во 2014 година, беше првата пазарна понуда на Lada, што беше извршено според новата дизајн идентичност X-style на брендот.

Со Vesta од Lada им предложија на корисниите и ред нови технолошки решенија, а во тој дел електронска стабилизирачка програма, ERA-GLONASS поврзаност, загреани седишта и волан, континуирано променлив автоматски менувач и многу повеќе.

Низ годините, Lada Vesta се трансформираше во цело семејство со тематски Cross модификации на верзиите седан и комби, Vesta Sport, двогоривна Vesta CNG и други.

Lada Vesta влезе во Топ 5 на најпродаваните нови автомобили во русија само шест месеци после пазарното лансирање. Во 2018 година моделот се претвори во бестселекр во зем јата и до овој момент може да се пофали со повеќе од 450.000 реализирани примероци и второ место според популарноста после Lada Granta.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK