Уште не почнат да се произведува, а веќе е избран за автомобил на годината

ОБЈАВЕНО НА:

Иако производството сеуште не стартуваше, а неговиот статус е концептно возило, сепак Alfa Romeo Tonale е избран за најдобар автомобил на годината. Оваа награда ја доделија читателите на WhatCar? кои го одбраа симпатичниот италијанец за автомобил на годината за 2021 година.

Наградата, читателите ја доделуваат за највозбудливиот автомобил кој треба да се појави во тековната година, а тоа е оваа, 2021 година.

“Концептот Tonale е сигнал за иднината на брендот Alfa Romeo, бидејќи овој производен модел ќе биде првиот plug-in хибриден модел кој ќе стане дел од гамата на Alfa Roemo” изјави Арно Леклер, директор на Alfa Romeo е Европа.

Инаку овој модел треба во производство да се појави кон крајот на годината. Се темели на малата Wide 4×4 платформа на FCA, а основниот модел доаѓа со 1,3 литарски GSE T4 I4 бензински мотор во комбинација со електричен мотор и шест степен автоматски менувач.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK