Премиерата на првиот пик-ап на Mercedes е на 18 јули

ОБЈАВЕНО НА:

Mercedes има зошто да биде возбуден овој месец, треба да ја има промоцијата на првиот пик-ап во нивната историја – X Class. Во октомври 2016 беше претставен концептниот модел на Х Class, а сега е време и за продукциската верзија.

Пред светската премиера Mercedes објави тизер видео за овој модел со кој с еотвора ново поглавје во историјата на компанијата. Во Mercedes велат дека X Class ќе ги спои карактеристиките на теренец и луксузно возило, а ќе се изработува во погодните на Nissan во Барселона, и во фабриката на Renault во Кордоба во Аргентина. При конструирањето на моделот германците имаа голема помош од Renault-Nissan бидејќи алијансата има големо искуство во производство на пик-ап возила.

Mercedes-Benz X-Class Pickup Concepts

Се очекува во моторизацијата на има четирицилиндрични и шестцилиндрични моторои, а Mercedes X има развиено и специјална варијанта 4Matic со погон на сите тркала.

Повеќе детали ќе има по промоцијата.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK