Toyota слави 50 години производството на возила во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Се почна во 1971 година кога беше отворена првата фабрика во Овар, Португалија и оттогаш минаа 50 години на успешно производство на возила на Toyota на европскиот континент. Јапонците во моментов имаат девет производствени капацитети: во Обединетото Кралство, Франција, Турција, Чешка, Полска и Русија. Во нив се составуваат околу 800.000 автомобили годишно, вработувајќи околу 22.000 луѓе и 400 добавувачи.

Досегашната инвестиција на Toyota е повеќе од 10 милијарди евра, и испорачани се повеќе од 13 милиони кои се склопени во Европа.

Најпродаваните модели на марката во Европа: Aygo, Yaris, Corolla, C-HR и RAV4, се произведени локално, а околу 59% од вкупната продажба на компанијата се хибридни претставници на брендовите Toyota и Lexus.

„Горди сме што ја поминавме границата од 50 години производство во Европа“, вели Марвин Кук, извршен потпретседател на Toyota Motors Europe. „Фактот дека повеќе од два од секои три автомобили што ги продаваме во Европа се направени овде, покажува значаен придонес во однос на директните вработувања. Исто така го намалуваме нашето влијание кон околината со локално производство на голем број на електрифицирани возила, за д аги постигнеме нашите цели за CO2″.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK