Во Сарај казнети 166 возачи – во Скопје вкупно 354

ОБЈАВЕНО НА:

МВР продолжува со континуираната контрола во сообраќајот казнувајќи ги оние што не ги почитуваат законите. Вчера, 19 ноември, само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки, а во Општина Сарај казнети се 166 лица.

Од вкупниот број на санкции во Скопје, 43 се за технички неисправни и нерегистрирани возила, 8 мерки за недавање на првенство на минување, 23 мерки за користење на мобилен телефон, 76 мерки за непрописно паркирани возила и 46 возила се подигнати од „пајак“ службата, а изречени се 30 санкции за неносење на заштитна маска.

На територијата на Сарај изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 19 за нерегистрирани возила и 14 санкции за неносење на заштитна маска.

МВР ќе продолжи со акцијата за засилени контроли во сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK