Коронавирусот прави паника меѓу таксистите во Кина (Видео)

ОБЈАВЕНО НА:

Стравот од коронавирусот започна да влија е и на психозата кај кинеските таксисти. Секој клиент со маска на лицето или кашлица е сомнителен, па се сомневаат дека можеби е заразен, покажува видеото од централната провинција Хан.

На видеото ќе се види како еден млад човек со кашлање се качува со такси. На прашањето од каде е, клиентот одговара дека е од провинцијата Хебеј, но возачот ќе се посомнева заради неговиот акцент.

Мажот тогаш признава дека штотуку се вратил од Вухан, од каде почна да се шири вирусот и му треба итен пристап до најблиската болница. Возачот веднаш застанува и му наредува на патникот да излезе од автомобилот, а потоа го прашува клиентот на задната клупа дали можеби треба да се јави во полиција.

Засега во Кина има најмногу заболени и голем број починати од овој вирус. Инкубацијата е 14 дена, а забрзано се работи на вакцина против овој вирус. Во меѓувреме во сите земји има мерки на претпазливост, а многу авио компании ги прекинаа летовите за Кина.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK