Среќен роденден: Alfa Romeo наполни 110 години (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во 2020 година за Alfa Romeo има многу причини за славења и прослави. Италијанскиот бренд на автомобили го прославува 110 роденден во јуни и за таа цел планира возбудлива јубилејна програма.

Прославите ќе бидат не само на 24 јуни, туку и во текот на целата година. Празничните активности се визуелно придружени од страна на специјално дизајнирано лого, каде покрај бројката 110 може да се види и најзабележителниот и добро познат елемент од традиционалниот грб на Alfa Romeо.

Во центарот на празнувањата е музејот на фабриката во Арезе близу Милано. Тука на 24 јуни се собираат членови на бренд клубовите и фанови на Alfa Romeo и колекционери за симболично да ги дувнат 110. свеќички на тортата за роденденот.

Се планираат и многу публикации со невообичаена перспектива и надвор од автомобилскиот сектор. Се претпочита тие да ги покажуваат малку понепознатите страни на традиционалниот бренд.

„Куриозитетите и анегдотите илустрираат колку тесно Alfa Romeo е поврзана со техничкиот, уметничкиот и социјалниот развој на Италија и на тој начин преставува дел од националното наследство на земјата“, велат од FCA.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK