Volkswagen најпродаван бренд во Европа – во Германија најмногу продадени автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

ACEA (European Automobile Manufacturers Association) ги објавија продажните бројки за месец март за земјите во Европа. Во третиот месец годинава, регистрацијата на нови патнички автомобили во Европската Унија се зголемила за 87,3%. Така минатиот месец во земјите членки на Европската Унија, продадени се 1.062.446 нови автомобили што е речиси за двојно повеќе од истиот месец минатата година кога беа продадени 567.253 автомобили.

Земајќи ги во предвид продажбите во земјите од ЕУ, ЕФТА и Велика Британија, најголема продажба е остварена во Германија и тоа од 292.349 нови автомобили. Следи Велика Британија со продадени 283.964 автомобили, а со продадени 182.774 нови автомобили, на третата позиција се наоѓа Франција.

Процентуално, најголем пораст е забележан во Италија и тоа од +497,2%. Следи Франција со +191,7%, Австрија со +177,1%, Словенија со +157,6%, Грција со +140% итн.

Најпродаван бренд останува Volkswagen со продадени 147.055 примероци. Следи Peugeot со 88.533 примероци, Mercedes со 85.480 примероци, BMW со 80.702 примероци, а во топ 5 најпродавни брендови се наоѓа уште Renault со 73.807 примероци.

На ниво на производители, VW Group е на првата позиција со 341.450 автомобили, следи Stellantis со 292.149 автомобили, а на третата позиција е Renault Group со 108.378 автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK