Производител на правосмукалки ќе прави автомобили

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Dyson, која е позната по производство на правосмукалки и апарати за домаќинство потврди дека во 2021 година ќе го пушти на пазарот својот прв електромобил. За таа цел Dyson веќе почнал со изградба на нова фабрика.

Оваа фабрика за електромобили ќе биде позиционирана во Сингапур, а очекувањата се изградбата да биде завршена во 2020 година. Од компанијата велат дека веднаш после тоа ќе почне производството и првите возила ќе бидат на пазарот во 2021 година.

Од Dyson го објаснуваат изборот на локацијата со фактот дека од Сингапур ќе имаат поблизок пристап до главните пазари, а таму се и голем број од таканаречените подизведувачи за делови и компоненти, а имаат и квалификуван персонал.

Идејата за сопствен електромобил на Dyson не е од вчера. За неа се говори уште од 2014 година. Во моментов над проектот работат 400 специјалисти, а проектирањето и проектирањето се изведуваат во Велика Британија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK